Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали го прославувате празникот Водици?

Деветнаесетти јануари го прославуваме како еден од позначајните христијански празници, Богојавление- Водици. На овој ден традиционално свештениците фрлаат крст во река, езеро или базен, а луѓето скокаат во нив и се обидуваат да го фатат крстот. Ги прашавме граѓаните дали го прославуваат овој празник и дали досега учествувале во оваа традиција.

Речиси сите испитаници знаеја дека на овој датум се одбележува празникот Богојавление, па ги прашавме дали ја знаат причината зошто всушност луѓето скокаат по крстот во вода.

Најчести одговори беа „за здравје“ и „за среќа“, а некои пак не го знаеја одговорот.

– Знам дека влегуваат во вода ама зошто не знам – рече една од испитаничките.

Меѓу анкетираните, се најдоа и луѓе кои досега учествувале во оваа традиционална манифестација.

-Да, скокав по крстот кога бев помлад. Тоа е пред околу 40 години – рече еден повозрасен минувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот