ВИДЕОАНКЕТА | Дали ФИНКИ и годинава е најбаран факултет за студии?

Видеоанкета/Фото: Принтскрин

Компјутерско инженерство или информатички науки?  „Слободен печат“ ги праша идните студенти зошто одлучија да студираат токму на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство – ФИНКИ, а информатиката ја одбраа за своја идна професија? Одговорите беа едногласни, во моментов само таму ја гледаат иднината.

– Ме интересира технологијата. Мислам дека е просперитетен универзитет и едноставно, ми одат информатиката и математиката, а и мислам дека има иднина во ова – вели студентка на ФИНКИ.

Нејзин колега објаснува дека ФИНКИ нуди потенцијал за голема кариера.

– Интересно е. Ме интересираат компјутерите, компјутерските мрежи – вели тој.

Друг студент објаснува дека веќе се занимава со софтверско инжинерство и со веб-дизајн и затоа го одбрал овој факултет.

– Сметам дека е најдобар факултет и дека има многу предиспозиции за во странство и за сите други работи понатаму. И информатиката ме интересира од мали нозе – вели тој.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот