-8 C
Скопје

ВИДЕО: Звучи како љубовна песна, но инспирирана е од хорор сцени од концентрационен логор: Морничавата позадина на легендарниот хит

Канадскиот кантавтор Леонард Коен е еден од најценетите музичари на 20 век со голем опус и фасцинантна животна приказна.

Роден е и пораснал во Монтреал во еврејско семејство. Во текот на животот проучувал и други религии па пет години поминал во будистички манастир и велел дека му се допаѓа „универзалната фигура на Исус Христос, кој е најдобриот човек кој некогаш одел по Земјата“. Но никогаш не се откажал од јудаизмот.

Една од неговите песни, која на сите им е позната исклучиво како љубовна, всушност е инспирирана од холокаустот, односно од сцените од концентрационен логор. Станува збор за песната „Dance Me To The End Of Love“ од албумот “Various Positions” од 1984 година.

Прочитајте и...  Ен Хатавеј прозборе за животот во изолација и за сите предизвици што ги донесе пандемијата

„Интересно е како песните почнуваат, бидејќи во сржта на секоја песна постои семе кое некој друг ти го дал или си го земал од светот. Затоа процесот на пишувањето на песната е толку мистериозен. А оваа песна дошла од сознанието дека во нацистичките концентрациски логори покрај крематориумите стоеле гудачки квартети. Тие луѓе биле принудени да свират додека покрај нив се случувал хорор, а и нивната судбина била иста. Свиреле класична музика додека другите затвореници биле убивани и палени. Значи, тие стихови, „Dance me to your beauty with a burning violin“, ја претставуваат убавината на живеењето, крајот на ова постоење и крај на страста во нашата егзистенција. Но тоа е истиот јазик кој го користиме за да ѝ се препуштиме на саканата личност па не е битно која е идејата зад песната, битно е да се почувствува страста“, рекол Коен.

Прочитајте и...  Били Ајлиш откри како карантинот влијаел на нејзината креативност и создавање нова музика

Поврзани вести

Што треба да направите со искинати банкноти?

Слободен печат

На неговите шеги се смее цела Македонија: Дали го препознавате момчето од фотографијата?

СП.

ВИДЕО: Џорџ Клуни призна дека сам ја потстрижува својата коса веќе 25 години – Но кога откри со што, започнаа шегите на негова сметка

Слободен Печат

Шокантно: Мистериозен монолит исчезна во САД, па најден е во Романија!

Слободен печат

Нивната љубов беше осудувана и исмејувана – Мадона (62) и нејзиното момче (26) го докажаа спротивното!

Слободен Печат

Стручњаците открија кои 6 особини треба да ги поседува секој маж кој е идеален љубовник!

Слободен печат

Остави Коментар