ВИДЕО | Зверев немаше шанси, Руд закажа финале со Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Каспер Руд втора година во низа ќе игра финале на Ролан Гарос откако вечерва во полуфиналето го совлада Александар Зверев со 3:0 во сетови 6:3, 6:4 и 6:0.

По минатогодишното финале во кое беше поразен од Рафаел Надал сега ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој ќе ја има фаворитската улога против 24-годишниот Норвежанец. Првиот сет започна со голема борба и три долги исцрпувачки гемови. Видовме дури три бејка, но Руд беше првиот кој го зачува својот сервис и го доби сетот со 6:3.

Во вториот сет повторно на почетокот гледавме долги гемови, но брејк имаше само еден. Во седмиот гем Норвежанецот го одзема сервисот на Германецот и таа предност ја задржа добивајќи за 6:4 на крајот од сетот.

Третиот сед помина во целосна доминација на Руд, Зверев како да се откажа и не освои ниту еден гем.

Новак Ѓоковиќ претходно денес беше подобар од Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот