ВИДЕО | Зошто Данците ги оставаат бебињата спокојно да спијат на улица?

Фото: Pexels

Дали можете да замислите ситуација во која безгрижно ја оставате количката со вашето бебе пред продавница додека пазарувате? Тоа е речиси незамисливо за нашите простори.

Но, таа практика е сосема вообичаена во Данска, каде на речиси секој чекор можете да видите оставени колички со бебиња без надзор од родителите. Меѓу другото, тоа е изводливо затоа што киднапирањата на деца се исклучително ретки во Данска.

Исто така, родителите ги опремуваат количките со монитори за бебиња и на тој начин ја следат состојбата додека пазарат или додека извршуваат некоја друга обврска. Како и да е, тие никогаш не одат премногу далеку и колку-толку имаат контрола врз ситуацијата.

Меѓутоа, на многу од туристите им е чудно кога ќе видат бебе во количка пред продавница или кафуле. Па затоа, ако патот некогаш ве однесе во Копенхаген, не треба да ве изненади глетката на оставени колички со бебиња – тоа е сосема нормално во оваа скандинавска земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот