ВИДЕО: Златан на сцената на Санремо излезе со турбо фолк песна

Еден од најстарите и најзначајните музички фестивали во светот е популарниот Санремо кој се одржува од 2. до 6. март, а еден од специјалните гости е напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ кој веднаш го украде шоуто.

Фудбалерот четири дена ќе биде дел од музичкиот фестивал, а уште на првото појавување ги воодушеви фановите во регионов.
Имено, Златан Ибрахимовиќ на бината излезе со хит песната на српската пејачка Нада Топчагиќ „Јутро је“.

Златан не е првиот фудбалер кој е гостин на Санремо, пред него се појавија и Роберто Баџо, Франческо Тоти, Антонио Касано, а утревечер ќе има можност да ги покаже своите вокални квалитети и тоа во дует со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

– Ќе пропушти неколку тренинзи, но ќе биде тука за натпреварите. Доколку постои шампин кој е способен да го издржи овој притисок, тогаш тоа е Златан. Дури мислам дека ова ќе му ја зголеми мотивацијата – изјави тренерот на Милан, Сетфано Пиоли.

ВИДЕО: Златан јубилејот го прослави со турбо-фолк хит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот