ВИДЕО: Златан „машки“ го поднесе понижувањето среде улица

Екипата на Милан полека го губи здивот во трката за шампионската титула, изминатиот викенд загуби од градскиот ривал Интер кој сега има четири бода повеќе од „росонерите“ на врвот на табелата.

Играчите на Милан одиграа очајно, а во сивилото се вклопи и Златан Ибрахимовиќ поради што денеска доживеа понижување на улиците во Милано. Имено, новинарот на сатиричната емисија „Striscia La Notiza“, Валерио Стафели го запре Златан на улиците во Милано за да му ја додели наградата „Златен тапир“.

Станува збор за неславна награда која и се доделува на позната личност, најчесто тоа се фудбалери, кои ќе потфрлат на важен натпревар. Златан „машки“ ја прими наградата и притоа успеа целиот настан да го сврти во своја корист.

– Беше тешко против Интер, многу грешевме, но ќе се поправиме. На следниот натпревар ќе го понесам и тапирот, можеби ќе ми донесе среќа – рече Ибрахимовиќ.
Интересно, ова е вкпно шести „Златен тапир“ кој Златан Ибрахимовиќ го добива во Серија А носејќи го дресот на Јувентус, Интер и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот