ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ доби улога во новиот филм на „Астерикс и Обеликс“

Златан Ибрахимовиќ се појавува во улога на римски легионер „Антивирус“/фото: Принтскрин/Youtube/Pathe

Златан Ибрахимовиќ ја сподели најавата за новата серија на познатите херои Астерикс и Обеликс, во која и тој ја доби својата улога.

Шведскиот фудбалер се испроба и на филмското платно, сцената која може да се види е токму во стилот на Златан, а веруваме дека филмот ќе биде уште попопуларен поради него.

Напаѓачот на Милан се појави во продолжението „Астерикс и Обеликс – средно царство“, кое ќе се прикажува во кината следниот февруари, во режија на Гијом Кане, кој исто така го игра Астерикс.

Ибра на социјалните мрежи ја сподели најавата за филмот, чии главни актери се познатите галски херои, а фудбалерот го игра негативецот, бидејќи се појавува во улога на римски легионер – „Антивирус“.

Играчот моментно се опоравува од операцијата на коленото и го чека неговото враќање на теренот, што може да се случи токму на време за премиерата на филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот