ВИДЕО: Златан: Гатузо го фрлив во канта за ѓубре

Златан Ибрахимовиќ/ Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше гостин на емисијата „”Che Tempo che Fa“ која се емитува на ТВ Раи1 и притоа зборуваше за актуелниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, со кого порано беа соиграчи токму во Милан.
-Вчера го побарав Гатузо за да му испрати роденденска честитка на мојот син бидејќи тој му е најомилениот играч. Мојот син ги обожува карактерот и одлучноста кои Гатузо ги покажуваше на фудбалските терени.
Му реков: Доколку не ми испратиш видео снимка во која му честиташ роденден на мојот син, ќе дојдам во Неапол и ќе мораш тоа да го направиш во живот. Еднаш го фрлив во канта за ѓубре, силен е Рино, но сеедно заврши во кантата – рече низ смеа Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот