ВИДЕО: Златан е неверојатен сезонава, го реши дербито со Наполи

Милан во дербито на осмото коло во Серија А славеше на гостувањето кај Наполи со 3:1, а во главната улога беше Златан Ибрахимовиќ.

Тој ги постигна двата гола за „росоњерите“ и со вкупно 10 гола во осум натпревари е прв стрелец во Серија А и го врати својот тим на врвот на
табелата.

Првиот гол Ибрахимовиќ го постигна во 20. минута откако по одличниот центаршут од Тео Ернандез не му беше тешко со глава да ја смести топката во мрежата на голманот Алекс Мерет.

На стартот од второто полувреме, во 54. минута речиси идентична акција но овој пат центаршутот од левата страна беше дело на Анте Ребиќ.
Наполи во 63. минута намали преку Дрис Мертенс, но крај на надежите за евентуално реми стави Хауге со голот во судиското продолжение.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 90. минута на местото на Фабијан Руиз.
Со победата Милан се врати на првото место на табелата со 20 бода, два повеќе од Сасуоло, додека Наполи е шести со 14 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот