ВИДЕО | Зибери: Точно е дека Ахмети ми понуди да бидам член на влада, но јас останав настрана зошто сум промовиран како непартиска личност

Во Собранието на Република Северна Македонија новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери, вчера даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

По приемот во Собранието и свечената изјава, Зибери за медиумите изјави дека неговиот досегашен ангажман е доволна гаранција за успешно извршување на функцијата за која е избран, согласно законот и Уставот, и притоа потенцираше дека функцијата народен правобранител е важна за Уставот и граѓаните на државата.

Но изборот на Насер Зибери беше дочекан на „нож“ од страна на опозиција.

Прашањето има формално-правна димензија и политичко -морална. Од формално-правен аспект ситуацијата е сосема во рамките на прописите, бидејќи и Уставот и Законот за народниот правобранител не предвидува никакво ограничување во смисла на исполнување на услови за избор на народен правобранител во сферата на забелешките што ги дава опозицијата. Во тој поглед утврдени се само услови кои треба да се исполнуваат – стручна подготвеност, работно искуство. Ова е едниот аспект од формално-правната димензија. Вториот е постапката за избор. и во тој дел опозицијата нема ниту еден аргумент за да се спориме. Запазени беа сите постапки, дури и се отиде чекор понатаму, во смисла што еден од пратенците што е во крвно сродство со мене се иззема од одлучувањето за мојот избор. Од политичко – морална гледна точка, точно е дека бев номиниран како можен премиер на последните избори, со една нагласка која постојано ја напоменував заедно со лидерот на ДУИ, а тоа е дека јас сум непартиска личност и како таква се нуди мојата кандидатура на гласачите за да се добие поддршката и евентуално да го преземам водењето на владата, изјави во Утрински бифинг народниот правобранител Насер Зибери.

-Не мислам дека беше погрешен мојот став да ја прифатам кандидатурата за премиер од причина што реално верував дека може да се издејствуа еден сериозен период да бидам на чело на владата. Но сепак политката е „уметност на можното“. Јас останувам на ставот дека ДУИ направи еден сериозен чекор, прв пат во Република Северна Македонија да се има кандидат за премиер кој ќе биде предложен од овој субјект.

На прашањето дали имало договор со Ахмети дали после изборите за тој ангажман ќе следува понуда за функција, Зибери изјави дека во ниеден момент не е разговарано за ваква работа.

-По завршувањето на изборите целото внимание на господинот Ахмети беше да се добие реалното како резултат на коалициониот договор. Точно дека Ахмети откако беше направен коалициониот договор ми понуди да бидам член на Влада на позиција каде јас можам да одговорам со моите компетенции. Јас сметав дека треба да останам на страна, дека не сум спремен да се вклучам на таква позиција, бидејќи цело време јас бев промовиран како непартиска личност. Доколку станев член на влада во било кој ресор, тоа ќе значеше одбрана на политиките на еден субјект, додека премиерот можеше да остане како експертска фигура, вели Зибери.

-Еден момент е фактот дека позицијата на народниот правобранител треба да се извлече од една прашина. Оваа позиција е силна во нашиот уставно-правен систем и е една силна карика. Јас ќе се обидам до крај да нашите даночни обврззници кои издвојуваат сериозни средства за ставката на буџетот за финансирање на дејноста на оваа установа да бидат оправдани, додава Зибери.

Целиот разговор со народниот правобранител Насер Зибери погледнете го во видето:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот