ВИДЕО: Жота херој, тешка повреда на Патрисио и 108 минути фудбал!

Фото: EPA-EFE/Paul Ellis/POOL

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа на гостувањето Вулверхемптон со 1:0, во последниот меч од 28 коло во Премиер лигата.

Победничкиот гол го постигна Диого Жота во судиското надополнување од првото полувреме. Португалецот го реализираше погодокот, после брзата акција на Салах и Мане и доволно добар агол во поблискиот агол на сонародникот Руи Патрисио.

Играчите на Јирген Клоп не дозволија да им се случи нов кикс, после навистина лошиот период во првенството. За „Редси“ ова е само втора победа на последните осум натпревари во Премиер лигата и моментно се шестопласирани со 46 бодови, колку што има и градскиот ривал Евертон.

Местото во Лигата на шампионите е од нив оддалечено пет, а лидерот Манчестер сити недостижни 25 бодови. На спротивната страна „волците“ продолжуваат со променливи игри, останаа на 13 позиција на табелата со 35 бодови.

Ливерпул можеше вечерва да дојде до уште некој погодок, но Патрисио ги запираше ударите на Жота, Салах и Мане.

Португалскиот чувар на мрежата мораше предвреме да го заврши мечот поради повреда на главата после судирот со Коуди. Поради укажувањето лекарска помош, натпреварот беше продолжен 18 минути, но немаше промена на резултатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот