ВИДЕО: Жива ракометна легенда, „проектилот“ на Лазаров против Финска!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската сениорска репрезентација ја совлада Финска со 33:24 на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Најефикасен во нашите редови беше капитенот Кирил Лазаров со реализирани 11 погодоци.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одвои еден од неговите прекрасни голови, а еве што вели во својата објава за најискусниот македонски ракометар:

– Жива легенда! Кирил Лазаров, како и секогаш, ја завршува работата за Македонија, вечерва во нивниот евроквалификациски натпревар против Финска – напишаа од ЕХФ.

И гостинскиот селектор на Финците, Ола Линдгрен истакна дека ова беше тежок меч за нив:

– Имавме добар старт, но потоа имавме многу исклучувања и тоа ни направи проблеми. Нивните пивоти ни создадоа многу непријатности, бидејќи не сме навикнати да играме против некои големи и силни играчи. А како надополнување на тоа, секако, Лазаров е играч од светска класа – вели Ола Линдгрен.

Нашите најдобри играчи својот втор меч од квалификациите ќе го имаат в сабота (7 ноември) со почеток од 18.30 часот против Швајцарија на гостински терен.

Убедлив старт на ракометарите во новите квалификации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот