ВИДЕО | Жителите од населбата Влае во страв: Тврдат дека биле сексуално вознемирувани од овој човек

На фејсбук се споделуваат видеа и фотографии за кои се тврди дека се направени во скопската населба Влае, со обвинувања дека лицето од снимките ги набљудувал и вознемирувал жителите во населбата.

„Во петокот од 19 до 23:00, на улица Иван Цанкар во Влае е забележан манијак (можете да го видите на приложените видео снимки), кој во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар. Ве молам доколку забележите некој кој сомнително се однесува или имате информации за слични вознемирувања, пријавете во Полициска станица Карпош 072 334 411 или на 192; Случајот е пријавен во петокот во Министерство за внатрешни работи“, стои во фејсбук објавата.

„На првото видео манијакот можете да го видите после 10тата секунда и во второто видео се гледа како бега 2 мин. после тоа, откако жителите кои биле вознемирувани бурно изреагирале. Инаку времето на видеото е цел час понапред, така да снимката се однесува на времето околу 23:00 во петокот“, пишува вознемирена жителка од Влае.

Од полицијата, за Слободен печат, информираат дека трагаат по лицето и работат на расчистување на настанот.

Погледнете ги видеата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот