ВИДЕО: Жиру го врати Милан на врвот – на потег се Наполи и Елмас

„Росонерите“ ја продолжуваат шампионската трка со Наполи во Серија А/Милано, Италија/26 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска на програмата беа вкупно три натпревари од 10 коло во најсилното италијанско првенство, Милан ја продолжува победничката серија, овојпат на домашен терен со 1:0 го совлада Торино.

Единствениот погодок за „росонерите“ го реализираше Жиру во 14 минута после асистенцијата на босанскиот интернационалец Круниќ.

Клубот на „Сан Сиро“ е повторно на лидерската позиција во Серија А со моментно 28 бодови, три повеќе од „наполитанците“ на второто место.

Сега на потег е Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој својот меч од оваа рунда ќе го има за два дена пред своите навивачи против Болоња.

Салернитана славеше на гостувањето кај Венеција (1:2), а Џенова ремизираше 1:1 против Специја. Нашиот напаѓач Горан Пандев при негатива влезе во игра од 70 минута, а неговиот клуб успеа да израмни во 86 минута од пенал кој го реализираше Кришито.

Веќе подолг период Џенова нема триумф, се наоѓа во опасната зона за испаѓање на 18 место со седум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот