ВИДЕО | Жестоки судири на улиците на Бејрут

Фото: Архива/ЕПА

Илјадници луѓе се собраа кај пристаништето во Бејрут за да ја одбележат годишнината од ужасната трагедија – експлозијата која направи пустош од еден кварт во градот – и да им искажат почит на загинатите.

Истовремено Либан е на раб од невиден финансиски и економски крах и политички застој кој трае цела година.

Така, овој помен на настраданите се претвори во масовни демонстации во кои дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Демонстрантите се собраа на различни локации во градот, скандирајќи против корумпираната власт која ја сметаат за одговорна за експлозијата во пристаништето.

Полицијата со демонстрантите се справува со гумени куршуми и водени топови, а во близина на либанскиот парламент во Бејрут подигнати се барикади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот