ВИДЕО| Жешко лондонски дерби: Кејн во 96. минута му ја украде победата на Челси, Конте и Тухел во клинч

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Челси и Тотенхем играа во првото големо дерби во новата сезона во Премиер лигата, а по доста тензии на теренот и надвор од него и конфликтот на двајцата тренерот, натпреварот заврши без победник 2:2. Челси стана без победата во 96 минута кога Хари Кејн погоди за конечни 2:2.

„Сините“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа уште во 19 минута со голот на Калиду Кулибали кој со одличен удар по корнерот на Кукуреља го совлада Уго Лорис.

Фудбалерите на Челси и во продолжението од средбата имаа иницијатива и беа подобар тим на теренот, но не успеаја да постигнат втор гол. Во второто полувреме, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ја промени формацијата и тоа им вроди со плод. Пјер Хојберг во 68 минута погоди за 1:1, но претходно судијата не досуди прекршок над Хаверц и со тоа ги подреа тензии.


Конте голот на Хојберг го прослави така што му се внесе во лице на Тухел, кој пак збесна и нивниот вербален дуел донесе неколкуминутен прекин.

Само пет минути подоцна, Тухел му возврати на Конте по голот на Рис-Џејмс за водство од 2:1 на Челси. И кога изгледаше дека Челси ќе слави, а навивачите на „сините“ почнаа со прославата на трумфот, Хари Кејн во 96 минута беше највисокот во скокот и со прецизен удар со глава погоди за конечни 2:2.

Крајот на натпреварот донесе нов дуел на Конте и Тухел. И двајцата тренери си подадоа рака, а Тухел имаше нешто да му каже на Конте, но за среќа беше спречен поголем инцидент, а двајцата менаџери добија црвени картони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот