ВИДЕО: Жените ги рушат бариерите, повеќе нема само машки професии

Денеска во Европската куќа во Скопје се одржа настанот „Жените ги рушат бариерите: Приказни за триумф и отпорност“ организиран од страна на Шпанската Амбасада во Република Северна Македонија, со цел да се издигнат жените кои ги пробиле родовите стереотипи и општествените норми во ретките професии.
Настанот го отвори шпанскиот амбасадор Хосе Луис Лосано Гарсија заедно со Фатмире Исаки – заменик на министерот за надворешни работи.
Дел од настанот и панел дискусијата беа трите женски лидери од меѓународниот вселенски универзитет ISU, магистри за вселенски студии 22, Лаура Перез, Андреа Сантос Лопез и Мартина Димоска кои не запознаа со нивните професии во индустријата претежно ориентирана кон мажите.
За овој настан зборуваше Мартина Димоска, магистер на вселенски науки и првиот македонски аналоген астронаут и првата жена aстронаут од Балканот која е вклучена во мисија во Интегрираното аналогно живеалиште наменето за Месечината и Марс, финансирано од НАСА.