ВИДЕО: Жена паѓа од скутер во Кина, се витка и грчи од болки, а никој не ѝ помага

Фото: Редит/принтскрин

Снимка која се појави на социјалните мрежи наводно покажува сцена од 28 ноември во кинескиот град Нангчинг – на видеото се гледа како жена на скутер вози по улица со значителна брзина, а во еден момент ја губи контролата врз мопедот и паѓа, по што останува на асфалтот во болки.

Сообраќајната несреќа од само неколку метри ја следи човек кој седи покрај улицата, како и млада жена дваесетина метри подалеку. Таа по неколку секунди тргнува кон жената како да ќе се обиде да ѝ помогне, но поминува и излегува од кадарот. Човекот кој стои покрај жената што паѓа од скутерот, ја гледа како се грчи од болки, а продолжува да стои незаинтересирано, без да ѝ пружи каква било помош.

Дел од корисниците на социјалните мрежи кои имаат искуство со животот во Кина и ги познаваат тамошните прилики, се обидоа да објаснат зошто во вакви ситуации, ретко кој Кинез ќе притрча да помогне.

Според нивните искуства, станува збор за свесно избегнување на контакт со жртвите на несреќи, бидејќи според праксата, жртвата во таков случај може да тврди дека контактот дополнително ги влошил повредите, а минувачот кој се обидува да помогне може да биде задолжен до крајот на животот да се грижи и да плаќа за медицинската нега на жртвата. Поради овој ризик, ретко кој во Кина ќе се обиде да помогне на жртвите на секакви несреќи, објаснува еден корисник на „Редит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот