ВИДЕО | Жена ја изненади дадилката која ја чувала пред 25 години: Емотивна средба која ќе ве разнежни

дадилка
Фото: Принтскрин/Инстаграм/upworthy

Семејствата кои вработуваат дадилки честопати се прикажуваат како настрани, недопирливи, богати снобови со непослушни деца – што секако може да биде случај понекогаш, но најчесто не е така.

На многу семејства им е потребна помош за грижа за децата од различни причини, а односите што децата ги воспоставуваат со своите дадилки можат да бидат прекрасни, полни со љубов и да траат цел живот.

Колку може да биде силна и вистинска таа љубов покажува снимката од жена која ја изненади својата дадилка која ја чувала пред 25 години. Една жена ѝ пријде на својата поранешна дадилка Руфина на нејзиното работно место. Таа ја поздрави Руфина и таа учтиво одговори, но целосно се збуни кога навидум непознатата жена ја прегрна.

Набргу потоа, дојде моментот на препознавање на малото девојче за кое се грижела пред толку години. Кога Руфина сфати за кого се работи, се фрли во друга прегратка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Upworthy (@upworthy)

Сцената, која е снимена со камера, разнежни многумина. Луѓето ги споделија своите искуства и трогателни приказни во коментарите.

„Бев дадилка пред повеќе од 25 години во Лондон и сè уште ги чувствувам тие деца во моите раце, во душата…“, „Ова видео е неверојатно“, „Јас сум дадилка веќе 40 години и иако повеќе не се грижам за моето омилено девојче, ја чував од 3 месеци до 2 и пол години, ние сме како семејство. Бев кај нив 10 дена во февруари и малата Ади (која сега 5 ипол години) дојде кај мене на две недели минатиот месец и ние се слушаме и гледаме преку „Фејстајм“ скоро секој ден. Живее 8 часа од нас и тоа е предалеку. Многу ми недостасува, но јас сум толку благословена што ја имам“, се дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот