ВИДЕО | Зграда се урна во Јужна Кореја, шестмина исчезнати

Урната зграда Јужна Кореја/ Фото Twitter

Најмалку шест лица се водат за исчезнати, а десетици домаќинства се евакуирани во Јужна Кореја поради уривање на дел од повеќекатна зграда во изградба, јавија денеска локалните власти.

Спасувачите привремено ја прекинаа потрагата по исчезнатите во градот Гвангжу, поради страв од ново уривање на зградата.

Потрагата би можела да продолжи утре, во зависност од резултатите од безбедносната инспекција.

Се верува дека сите исчезнати лица работеле на градилиштето, на кое работеле вкупно 394 лица.

Спасувачите од под урнатините извлекоа тројца работници, меѓу кои двајца беа заробени во транспортен контејнер на кој се урна дел од 39-катната зграда.

Во инцидентот се уништени и најмалку 10 паркирани возила, а причината за тоа се истражува, додека итните служби евакуирале 109 семејства и околу 90 продавници од околните згради.

Видео на денот