ВИДЕО: Зголемен бројот на повици во Брза помош

Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош, информира раководителката на ИТМ, д-р Милица Бубало.

-Значително е зголемен бројот на повици ИТМ, пред се поради големите температурни разлики. Можам да кажам дека повозрасните и хронично болните се тие кои најчесто имаат потреба од интервенција, но имаме и млади пациенти кои чувствуваат последици од промената на температурата во воздухот, информира д-р Бубало.

Таа нагласува дека располагаат со мал број екипи, но се обидуваат да излезат во пресрет на граѓаните.

– Во моментов располагаме со седум екипи. Дел од колегите заслужено одмараат бидејќи поради пандемијата не беа во можност цела  година да отсуствуваат од работа. Сега се намалија бројките на заразени, па имаме можност да го намалиме тимот. Инаку  се обидуваме да одговориме на сите повици на граѓаните. Многу ми е жал  ако на некој повик не сме одговориле, но при повикот докторите поставуваат прашања и прават проценка за итност, по што се одлучува каде ќе се испрати екипат, објаснува д-р Бубало.

Таа нагласува дека возраста на пациентот никогаш не е критериум дали ќе се испрати екипа, но вели дека тоа прашање се поставува  за да знае докторот дали состојбата на пациентот е поврзана со неговата воздраст.

-И јас би сакала да имаме ИТМ како во високоразвиените земји, но тоа е стратегија која требало да почне да се прави одамна за да може сега да се реализира. Куќа не се прави за еден ден, па  така ни нашата служба не може одеднаш да биде најдобра ако со години не се вложувало во  неа. Инаку, сакам да нагласам дека неодамна го обновивме возниот парк, а исто така имавме и нови вработувања на доктори и медицински сестри, нагласи д-р Бубало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот