ВИДЕО: Зенит во 94 минута го шокира Челси и го искачи Јувентус на чело на табелата

Зенит остана без учество во групната фаза на ЛШ/ фото: EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Фудбалерите на Јувентус завршија како први во групата Х во Лигата на шампионите и тоа благодарение на екипата на Зенит која во судиското продолжение постигна гол за реми против Челси.

Актуелниот европски шампион на крајот заврши како втор, додека Зенит е трет и ќе ги продолжи настапите во Лигата на Европа, а Малме како четврти ги заврши настапите.

Јувентус со голот на Моизе Кин во 18 минута го совлада Малме, но далеку поголеми возбудувања имаше на натпреварот во Санкт Петербург кој заврши 3:3.

Натпреварот започна одлично за Челси, Тимо Вернер го отвори резултатот уште во втората минута и тоа беше најбрзиот гол за Челси во Лигата на шампионите.

Но, до крајот на првиот дел, Зенит успеа да направи преврт. Прво во 38 минута Клаудињо израмни на 1:1, а три минути подоцна погоди и Сердер Азмун.

Во второто полувреме, Челси со сите сили тргна кон голот на Зенит и таквата игра вроди со плид во 62 минута кога погоди Ромелу Лукаку по асистенцијата на Вернер.

На пет минути до крајот, Челси благодарение на вториот гол на Вернер прави пресврт, но во судиското продолжение, поточно во 94 минута, Магомед Оздоев со одличен шут од работ на шеснаесетникот ги шокира „сините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот