ВИДЕО | Зендели: Иако сме припадници на различни партии, надвор државата ја претставуваме синхронизирано

Арта Биљали Зендели пратеничка од редовите на ДУИ
Арта Биљали Зендели пратеничка од редовите на ДУИ / Утрински брифинг

Јас побарав од претседалката на Република Грција, а знаеме дека Грција беше главниот фактор што Македонија мораше да го смени името, да одговори како таа, од позиција на една соседна земја, гледа на прашањето околу спорот на Северна Македонија и Бугарија. Одговорот, морам да признаам беше доста силен. Првата реченица беше дека за да се интегрирате и да ги решите отворените прашања најпрво е битна политичка волја и храброст, изјави во Утрински брифинг, Арта Биљали Зендели пратеничка од редовите на ДУИ.

-Претседателката на Грција истакна дека нејзината држава е за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан уште од Самитот во Солун, но за жал регионот има отворени прашања коишто потекнуваат од историјата и од минатото и коишто се одразуваат и врз иднината, веи Зендели.

-Како крајна порака особено за помладите генерации, таа побара да не гледаме кон историјата, туку да гледаме кон иднината, додава таа.

-Сите што сме дел од вакви сериозни делегации, јасно ни е дека сме членови како пратеници на одредена политичка партија, но кога одиме надвор на вакви важни собири одиме да ја претставиме државата. И нема никаков сомнеж дека во заштитата на интересите на државата ние сме синхронизирани, вели Зендели.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот