ВИДЕО: Земјотрес за време на тениски меч во Акапулко!

Фото: EPA-EFE/David Guzman

Во првиот гем од вториот сет, земјотрес го стресе Акапулко, каде се одвива турнирот од серија 500.

Во полуфиналето на турнирот во Мексико германскиот тенисер Александер Зверев со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (5) го елиминираше сонародникот Доминик Кепфер.

За титулата во Акапулко Зверев ќе ги одмери силите против Гркот Стефанос Циципас кој беше подобар од Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:1 и 6:3.

Земјотрес се случи за време на мечот помеѓу Зверев и Кепфер во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко, но тоа не ги спречи двајцата Германци кои до крај го одиграа поенот. А после истиот и тие беа свесни дека нешто се случи и чекаа да се смири тлото.

Патем, ова е посериозен земјотрес кој го имаше својот епицентар на брегот на Пацификот, каде што е и Акапулко. Земјотресот бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил скоро 30 километри под земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот