ВИДЕО | Земјотрес го погоди Нов Зеланд, реакцијата на премиерката среде прес-конференција стана хит

Премиерката на Нов Зеланд воодушеви со нејзината смирена реакција на земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди земјата.

Премиерката Џасинда Ардерн се наоѓала на прес-конференција во Велингтон кога се почувствувал силен земјотрес.

Како што може да се види на снимката, кога тлото почнало да трепери, премиерката Ардерн се фатила за говорницата.

Кога сфатила за што станува збор, ѝ се обратила на новинарката кој ѝ поставувала прашање во моментот на земјотресот.

– Извинете, мала непријатност. Дали можете да го повторите тоа прашање? – рекла Јасинда со насмевка на лицето.

Смиреноста и „кул“ реакцијата на премиерката наиде на аплаузи на социјалните мрежи, а корисниците масовно го споделуваат видеото.

Премиерката Џасинда Ардерн во 2020 година доживеа земјотрес и во текот нејзиното гостување на телевизија.

Нов Зеланд често го погодуваат земјотреси со средна јачина бидејќи се наоѓа во сеизмички активниот „Огнен појас“ каде што има вулкани и пукнатини во Пацификот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот