Организацијата на НАСА, Студио за научна визуелизација (СВС) објави неверојатна видео снимка која ја покажува Земјата каква што досега не сме ја виделе.
Забрзаното видео прикажува седум дена во 2005 година кога на крајбрежјето во Кина се создаде тајфун од четврта категорија. Научниците ги користеа податоците на модел на НАСА користен за набљудување на Земјата. Симулацијата е направена со помош на суперкомпјутер, пишува „Футуризм“.
Целта на видеото е, велат од НАСА, јавноста да добие појасна слика на нашата планета и нашето место на Земјата, но и да ги приближи луѓето кон визијата и мисијата на НАСА.
„Вработените во СВС соработуваат со научници во креирање на визуелизација, анимација и фотографија за подобро да ја разберат Земјата и научното истражување на вселената“, пишува на веб страницата на СВС.
Извор: Блиц.рс