ВИДЕО | Зеленски се сретна со Шон Пен во Украина: Украинскиот претседател објави на Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели на својот официјален фејсбук-профил снимка од средбата со холивудскиот актер и режисер Шон Пен.

„Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ја види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ“, напишал Зеленски покрај видеото.

Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и на денот кога започна инвазијата.

„Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен за него и за Украина“, рекол актерот за украинскиот претседател.

Тој напоменал и дека неговата непрофитна организација прави сè што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачната нова реалност“.

Пен ја посети Украина и во март, по што изјави дека единствената причина поради која ќе остане подолго во Украина е „да држи пушка“. „Веројатно не би носел панцир бидејќи сакам да му го дадам на еден од војниците“, додаде тој.

 


Освен тоа, Пен по повод доделувањето на овогодинешните Оскари рече дека ќе ги фрли своите статуи доколку Академијата не му понуди на Зеленски да одржи говор.

„Ако Академијата одлучи да не го поддржува раководството во Украина и луѓето кои примаат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца коишто се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите тие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најнепристојниот момент во историјата на Холивуд“, изјави актерот кој, сепак, не ги уништи своите златни статуи.

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

Шон Пен: Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена

ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот