ВИДЕО | Зеленски прошета низ Херсон, вети дека се ќе биде обновено

Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојуваше во јужниот регион Херсон, ја посети локалната инфраструктура и вети дека ќе „обнови сè“ по руската инвазија.
Посетата на регионот каде Украина спроведе успешна контраофанзива против руските окупаторски сили на крајот на минатата година беше второ заминување на Зеленски од Киев оваа недела. Вчера тој ја посети армијата во близина на источниот борбен фронт во градот Бахмут.
Zelensky visited one of the energy facilities in the Kherson region.
Discussed the situation with providing electricity to the settlements of the Kherson region; restoring electricity supply to the de-occupied territories, repairing equipment destroyed due to russian shelling. pic.twitter.com/EtLagzD4GR
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) March 23, 2023
– Разговарав со локалните жители за нивните моментални проблеми и потреби, напиша Зеленски на Телеграм под фотографиите од неговата посета на Херсон. Ќе обновиме сè, ќе изградиме сè одново. Како и со секој град и село што настрада поради окупаторот, додаде тој.
Украинската контраофанзива минатата година ја потисна руската армија од регионалниот центар Херсон по неколкумесечна окупација. Работниците сега се зафатени со обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода.
– Мораме да се погрижиме за целосно обновување и заштита на нашиот енергетски сектор, напиша Зеленски во посебна објава во која може да се види дека е во посета на енергетската инфраструктура. Благодарен сум на сите што работат на ова и ја враќаат светлината на нашиот народ, нагласи тој.