ВИДЕО | Зеленски на Телеграм: Ќе победиме!

Евакуација на Мариупол / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Телеграм профил објави видео на кое се прикажани страдањата на неговата земја денес и ветување за подобра иднина и повторна изградба на разурнатото.

Украинскиот претседател денеска ја продолжи воената состојба во земјата за уште 30 дена од 26 март, соопшти денеска прес-службата на Врховната Рада.

Претседателот на Украина потпиша неколку воени закони, меѓу кои и оној за продолжување на воената состојба во Украина. Со законот се продолжува воената состојба во државата за 30 дена од 26 март 2022 година, се наведува во соопштението.

Врховната Рада на 15 март го усвои предлог-законот за продолжување на воената состојба.

Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на почетокот на руската инвазија врз таа земја, која, според Москва, има за цел да изврши денацификација и демилитаризација на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот