ВИДЕО: Зеленски им вети три работи на Русите ако се предадат

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање пред руските војници вети дека ќе ги заштити доколку се предадат.

Претседателот на Украина им вети три работи на оние што ќе се предадат. Како што рече, на сите кои ќе се предадат ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право.

Понатаму, Зеленски им ветува на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање, односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Понатаму, затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат.

Тој во својот говор рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт.

„Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид“, рече претседателот на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот