ВИДЕО | Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес

Олена Зеленска
Првата дама на Украина, Олена Зеленска / Фото: EPA-EFE/SAUL LOEB / POOL

Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје.

„Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје … да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа“, изјави Зеленска.

Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија.

Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден.

САД од почетокот на руската инвазија на Украина и има доставено воена опрема од речиси седум милијарди долари.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот