ВИДЕО: Завршува изградбата на Пељешкиот мост, патот од Загреб до Дубровник ќе се скрати за два часа

Фото: Принтскрин

Хрватите во секој момент очекуваат да се спои последниот сегмент од конструкцијата на Пељешкиот мост со што ќе се поврзе копното кај Комарна со Бријест, што го означува долго очекуваното поврзување на територијата на Република Хрватска, пренесува Индекс.хр.

За премин на мостот нема да се плаќа, но тоа не е само единствената причина за славење. Со спојувањето на мостот се задоволни и локалните жители бидејќи мостот ќе го скрати патот од Загреб до Дубровник за дури два часа.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вечерва сподели видео за подготовката на последното спојување на Пељешкиот мост.

„Вечерва хрватската територија стануваат единствена. Пељешкиот мост ја поврзува Хрватска. Горди сме и фала на сите!“, напиша Пленковиќ покрај снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот