ВИДЕО: Заврши унгарската „бајка“, Италија ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на нации

Италија славеше победа на гостувањето во Будимпешта/фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

Репрезентацијата на Унгарија до сега беше вистински хит во групата „3“ од А сегментот во Лигата на нации во конкуренција на Германија, Англија и Италија.

Вечерва во последното шесто коло на Унгарците им беше доволен и бод за пласман на Фајнал-фор турнирот, но Италија триумфираше со 0:2 на „Пушкаш“ арената во Будимпешта.

Италијанците ја остварија потребната победа за прво место во групата со головите на Распадори и Димарко. Избраниците на селекторот Роберто Манчини им се придружија на Хрватска и Холандија на Ф4 турнирот, а за последното место во завршницата од натпреварувањето се борат селекциите на Португалија и Шпанија.

Англија после ремито со Германија (3:3) на „Вембли“ стадионот во Лондон и официјално се пресели во понизок ранг, односно Лигата „Б“.

Водеа Германците со головите на Гундоган и Хаверц, следуваше пресврт на Англичаните, по еден погодок имаа Шо, Маунт и Кејн, овој последниот беше прецизен од белата точка, а конечниот епилог го постави Хаверц со својот втор гол на мечот во 87 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот