ВИДЕО | Заробени, но не и заборавени: Луѓето со дронови ги хранат кучињата на Ла Палма

Заробени кучиња на Ла Палма/ Фото Youtube Screenshot

Вулканот што принуди евакуација на илјадници луѓе на Канарскиот остров Ла Палма, направи пустош, а многу животни останаа заробени среде тој хаос, пренесува Тајмс.  

Сепак, едно видео ја враќа надежта во човештвото. На неа се прикажани гладни и исплашени кучиња кои биле заробени од бројни потоци на блескава лава, без вода и храна.  

Нивната единствена надеж доаѓа од небото, односно со помош на дроновите. Вулканот Кумбре Вијела на Ла Палма започна да еруптира на 19 септември, а жешките реки од лава што проголтаа се што е на нивниот пат, го оневозможуваат спасувањето на овие беспомошни животни по копно.  

Сепак, Кабилдо де Ла Палма, раководното тело на островот, објави дека двете компании ги хранат животните во последните пет дена, користејќи беспилотни летала за да достават храна и вода. 

„Кабилдо де Ла Палма им се заблагодари на Volcanic Life и Ticom Solutions за нивната несебична работа во обезбедувањето на благосостојбата на животните заробени во горниот дел на Тодоке, откако тие беа опкружени со лава“, се вели во соопштението. 

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот