ВИДЕО: Запознајте ја пензионерката која има 8 деца и 90 внуци

youtube
принтскрин/youtube

Пензионерка од Единбург, Шкотска стана пра-пра-прабаба со рекордни шест живи генерации во исто време.

Мајката на осум деца Мери Маршал (86) која е родена четири години пред почетокот на Втората светска војна , може да се пофали со неверојатни 90 внуци. На 25 мај, Мери си ја заслужи титулата на единствена пра-пра-прабаба во Шкотска со раѓањето на Нила, нејзината двонеделна внука.

youtube
Фото: Принтскрин/ Youtube

„Одлично е да се има толку големо семејство. Секогаш има некој што ве бара. Јас сум неверојатно среќна“, вели Мери.

„Не сум чула за друго семејство со ваква големина во Шкотска. Кога и да се собереме секогаш има забава и смеење. Секогаш е некој тука за тебе“, додава таа.

Се верува дека фамилијата на Мери е единственото семејство во Шкотска со шест генерации живи во исто време, пренесува „Mirror“.

Може да ги погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот