ВИДЕО | Запознајте го кучето Клифорд: Инстаграм ѕвезда со над 700.000 следбеници

Фото: Принтскрин / Instagram

Клифорд е новата инстаграм – ѕвезда која го освои симпатиите на многумина ширум светот. Преслаткиот Клифорд е куче, расата е позната како „Goldendoodle“ – вкрстување на златен ретривер и пудлица, а стана популарна во деведесеттите.


Тие се многу пријателски расположени кон луѓето и можат да живеат до 15 години Расата „Goldendoodle“ е настаната меѓу вкрстување на расите златен ретривер и пудлица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plus One Pet Gear (@plusonepetgear)


Неговиот сопственик, а воедно и најдобар пријател кога го вдомил се консултирал со ветеринар која големина може да ја достигнат овие раси, а ветеринарот го убедил дека се работи за куче со среден раст кое нема да порасне многу големо.


Очигледно ветеринарот погрешил бидејќи Клифорд денес е огромен убавец со големо крзно со златни кадрици. Клифорд е посветен инфлуенсер кој на својот инстаграм профил брои повеќе од 700.000 следбеници.


Ужива да се вози во автомобилн на совозачкото седиште, ужива да пазарува со својот сопственик, да планинари и да позира пред фоторепортерите кога е поканет како специјален гостин на бројни важни настани.


Исто така Клифорд е номиниран за наградата „American Influencer Awards“. Веруваме дека ќе ја освои оваа титула.

Видео на денот