ВИДЕО: Започна вакцинацијата со „Модерна“ во САД

Медицинска сестра од американската држава Конектикат денеска пред камери беше вакцинирана против ковид-19 со вакцината на биотехнолошката компанија „Модерна“, со што започна со кампањата за вакцинација со таа вакцина во САД, втора која беше одобрена по итна постапка, пренесе Бета.рс.

Најавено е дека првата вакцинација со вакцината на оваа млада компанија за биотехнологија, една недела по почетокот на вакцинацијата со вакцината на американско-германските компании „Фајзер“ и „БиоНТек“, започна денеска во различни делови на САД.

Вакцината на „Модерна“ против коронавирусот е одобрена за итна употреба од страна на регулаторното тело на САД во петокот.

Извор: Бета.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот