ВИДЕО | Започна европската „Сезона на филмски класици“, разговор со директорот на Кинотеката Владимир Ангелов

Европската асоцијација на кинотеки (Association des Cinematheques Europeennes / ACE), кон крајот на минатата година го започна проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films), во кој учествува и Кинотеката на Република Северна Македонија.

-Првата проекција во рамки на проектот се одржа во декември 2020 година, кога Југословенската кинотека – на својот „јутјуб“ канал – го прикажа немиот филм ГРЕШНИЦА БЕЗ ГРЕВ (ГРЕШНИЦА БЕЗ ГРЕХА, 1930, р. Коста Новаковић), а втората проекција ќе се одржи на 5. Февруари, 2021 година, кога Филмотеката на Валенсија (Filmoteca Valenciana-Institut Valencià de Cultura) ќе го прикаже немиот филм САНЗ И ТАЈНИТЕ НА НЕГОВАТА УМЕТНОСТ (SANZ Y EL SECRETO DE SU ARTE, 1918, Maximiliano Thous & Frncisco Sanz) на својот „јутјуб“ канал – и тоа со музичка поддршка во живо. Се работи нем филм од 1918 година, а содржината се однесува на оние кукли роботи што се правени во тоа време, изјави директорот на Кинотека на Македонија Владимир Ангелов.

Улогата на Ноневски во развојот на Кинотеката

-Борис Ноневски ја постави Кинотеката. Мислам дека организациската поставеност и функционалнаста ја добива со Ноневски. Во негово време се основани секторите кои денес ги имаме и воспоставена е методологијата, обработката на филмовите која денес ја имаме. Особено внимание се посветуваше на истражувањто, така што неколку капитални дела се создадени во негово време. Двата тома на македонскиот игран филм на Четинчиќ и четиритомното издание на историјата на филмот на Ѓорѓи Василевски. Дваесетина симпозиуми беа одржани во негово време, од каде што произлегуваа книги, едиции, основач на филмското списание „Кинопис“, вели Ангелов.

Целиот разговор со Ангелов погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот