ВИДЕО: Западното дерби и припадна на Јута

epa08891045 Utah Jazz guard Donovan Mitchell (C) collides with LA Clippers guard Paul George (L) with LA Clippers guard Patrick Beverley defending during the first half of an NBA preseason basketball game at Staples Center in Los Angeles, California, USA 17 December 2020. EPA-EFE/ALEX GALLARDO SHUTTERSTOCK OUT

Најдобриот тим во НБА лигата, Јута џез во Лос Анџелес дојде до деветтата победа по ред, славејќи над ослабените клиперси со 116:94. Донован Мичел со 24 поени и Руди Гобер со 23 поени и дури 29 скокови беа најзаслужни за победата на Јута против клиперси кои играат без своите двајца најдобри играи, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Во дербито на Источната конференција, Атланта со 122:114 го совлада Бостон во натпревар во кој шутираше со неверојатни 57 проценти од игра. Победникот беше одлучен во последната четвртина кога Атланта преку поените Тре Јанг и слободните фрлања на Клинт Капела дојде до недостижни 108:95. Јанг со 40 поени беше најпрецизен во редовите на Атланта, додека Џејсон Тејтум постигна 35 за Бостон.

Филаделфија можеше да дојде до поубедлива победа против Хјустон, на полувремето водеше со дури 29 поени, но на крајот славеше со 118:113.
Во последните 90 секунди, Филаделфија имаше предност од само 110:107, но во тие моменти на сцена стапи Џоел Ембид кој ја завери победи. Ембид на крајот постигна 31 поен и имаше 11 скокови.

Вашингтон успеа да приреди изненадување и со 130:128 го победи Денвер во натпревар на кој блескаше Давис Бертранс. Бертранс постигна дури девет тројки против Денвер, а натпреварот го заврши со 35 постигнати поени. Кај Денвер, Мареј постигна 35, а Јокиќ 33 поени.

Резултати:
Орландо – Њујорк 107:89
Бостон – Атланта 114:122
Филаделфија – Хјустон 118:113
Чикаго – Детроит 105:102
Минесота – Индијана 128:134
Вашингтон – Денвер 130:128
Мемфис – Оклахома сити 122:113
Њу Орлеанс – Портланд 124:126
Голден Стејт – Мајами 120:112
ЛА Клиперс – Јута 96:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот