ВИДЕО: Замрзнато езеро во САД писта за слетување на авиони

Езерото Винипесоки  во сојузната американска држава Њу Хемпшир оваа зима поради силните бури и снегови е претворено во писта за слетување на авиони, соопштија властите Њу Хемпшир.

Езеро во должина од околу осумстотини метри може да служи како писта под услов дебелината на мразот да е најмалку триесет сантиметри, изјави неименуван службеник,  а ледениот аеродром  има дозвола од американската Сојузна управа за воздухопловство.

Замрзнатото езеро се користи за слетување на авиони само ако дебелината на мразот е рамномерно иста, а минатиот викенд таа била над педест сaнтиметри, така што тоа било отворено за слетување на авиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот