ВИДЕО: Заменик-директорот на затворот „Идризово“ се појави на партиски настан, вели дека оправдано излегол од работа

Феми Јонузи, заменик-директор на КПУ „Идризово“ / 22 септември 2021 / фото: Фуркан Салиу/Твитер

Вториот човек на затворот „Идризово“, заменик-директорот Феми Идризи, кој е кадар на ДУИ, денеска наместо на своето работно место, беше на настан кој практично претставува кампања за претстојните локални избори, објави новинарот Фуркан Салиу.

Јонузи, кој е и поранешен пратеник во Собранието, во одговорот вели дека тој е еден од ретките функционери кои се редовни на работното место, како и дека имал добра причина да не биде таму денеска – затоа што имало важен партиски настан во општината во којашто живее.

„Во работен ден, наместо на своето работно местo, заменик-директорот со партијата во кампања. Отсуството од работното место било оправдано…“, напиша новинарот Салиу во објавата на Твитер.

На настанот, поврзан со изградбата на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани, беше присутен и првиот вицепремиер Артан Груби, кој објасни дека директорот Идризи му кажал на директорот на затворот „Идризово“ дека ќе оди на денешниот партиски настан, како и дека тој „го дал својот труд за еден ваков проект, кој е многу важен за сите граѓани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот