ВИДЕО | Зајкова: Собранието не смее да молчи – потребна е итна декларација за осуда на воената агресија

Моника Зајкова
Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП / Утрински брифинг

Додека европските Парламенти експресно изгласаа Декларации со осуда на руската чизма врз Украина, во македонското Собрание декларацијата патува на желка, се чека превод и на албански.

-Партијата уште во петокот ја најави и ја склопи декларацијата. Станува збор за текст кој што е напишан на две страни и истата беше доставена до Собранието уште во петокот, но поради пропуст на службите истата беше доставена до претседателот на Комисијата, но не и до претседателот на Собранието, вели пратеничката Моника Зајкова.

-Во понеделник се исправи таквата грешка и очекувавме дека до вчеаршната седница ќе го имавме преводот, бидејќи имаше доволно часови кога истиот да се направи. Секоја причина зошто уште немаме превод за мене е банално, но не би дала да ја коментирам. изјави за Утрински брифинг членот на Парламентот на РСМ Моника Зајкова од ЛДП.

-Ова е прашање кое што не ги засега само Русија и Украина, не ги засега само Европа или Азија, туку го засега селиот свет. Никој не се надеваше дека во 21-от век ќе има напад на мирот и светот ќе биде на работ на војна. Ваквите ситуации треба будно да се следат и затоа и Бундестагот и ЕП заседаваат по итни седници, вели Зајкова.

-Кај нас некако како често да ги изместуваме домашните, но и меѓународните приоритети кои што ги имаме, додава Зајкова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот