ВИДЕО | Захов од ФК Шкендија: Со случувањата во ФК Вардар губи фудбалот во Македонија

Сакаме да ја зацврстиме нашата прва позиција и да работиме на што подолго останување во Европа. Оваа година Шкупи има доста добра екипа, тие се едни од фаворитите и за титула. Останатите ќе се борат за третото место, но мислам дека пролетниов дел ќе ја даде комплетната слика, изјави во Утрински брифинг Костадин Захов, голман на ФК Шкендија.
За случувањата во ФК Вардар, Захов вели дека за ниедна екипа не е добро кога гледате дека поминува во транзиција. „Фудбалот губи во Македонија, сите знаеме кој е Вардар. Кога нема силен Вардар веднаш гледате дека лигата во некои делови е послаба. Многу порано некои работи требаше да се преземат, затоа што губи спортот во Македонија“, смета Захов.
„Здравата конкуренција е многу важна. Тоа те бутка напред, те тера да се докажувате. Тој дополнителен мотив што го даваше Вардар сега го прави Шкупи, бидејќи доколку се опуштиме може да се најдеме во ситуација каде што не сакаме да бидеме. Ништо не е завршено, во ред е да сте фаворити, но сето тоа треба да го докажете на терен“, вели Захов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот