ВИДЕО | Загрижувачка снимка од САД: Дете во пелени мавта со вистински пиштол, полицијата го уапси таткото

Фото Твитер принтскрин

Безбедносна камера во САД сними мало момче во пелени како си игра со вистински пиштол во станбена зграда, јавуваат американските медиуми. На снимката од безбедносната камера на соседот се гледа како момчето држи пиштол во ходникот на станбена зграда во сојузната држава Индијана и во еден момент го повлекува чкрапалото.

Сепак, од оружјето не бил испукан куршум иако пиштолот бил наполнет. Таткото на детето (45) е уапсен и се очекува попладнево да се појави пред судот на првичното рочиште, јавува „Ен-Би-Си Њуз“. Видеото од апсењето на таткото го сними и емитуваше во живо реалното шоу „Он Патрол“ кое ги следи полицајците на должност.

Всушност, полицијата дошла до видео на кое се гледа како момче во пелена разиграно се движи низ ходникот на зградата со оружје. Момчето најпрво брзо се движи кон скалите и за момент го вперува пиштолот надолу. Потоа се враќа горе и го вперува пиштолот кон вратата од станот. Во споменатото реално шоу беше прикажана снимката од апсењето на неговиот татко.

Полицијата при апсењето заплени полуавтоматски пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 милиметри. На настанот реагираше и градоначалникот на градот, Денис Бакли.

„Како и сите вие, јас сум уништен од она што се случи и многу сум благодарен што никој не беше повреден, особено мало дете. Ја ценам брзата акција на полицијата“, рече Бакли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот