ВИДЕО: Заглавен авион под мост на автопат во Њу Делхи

Заглавен авион на втопат во Њу Делхи / Фото: Принтскрин / Твитер

Видеата на кои се гледа како авион на „Ер Индија“ заглавен под мост на автопат во Њу Делхи брзо се проширија на интернет.

Новинар од индиската новинска агенција АНИ Њуз сподели видео на Твитер, на кое се гледа како огромен авион е заглавен скоро точно на половина пат под мостот, додека има густ сообраќај наоколу и возилата го заобиколуваат.

Сепак, ова не е последица на обидот да се „лета под мостот“ како што мислеа многумина. Авионот не бил во употреба во тоа време, додава новинарката Ашоке Рај.

Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.

Авионот бил надвор од работа и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.

„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рече портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.

Авионот, како што наведоа, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот