ВИДЕО | Заев за обвинувањата за Еуростандард: Законот важи за систем, Народна банка независно да си ги носи одлуките

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ ги отфрли обвинувањата за вмешаноста на неговото семејство во пропаѓањето на Еуростандард банка.

– Еуростандард банка е под регулатива на Народна банка како и целиот банкарски систем и државата нема никаква врска ниту во надзор, контрола и управување. Затоа е оставено Народна банка независно да си ги носи одлуките. Во делот на обвинувањата – од илјадници фирми има и струмички. Струмица е во Македонија. Во една во фирмите учествува и мојот брат. Има кредит 35 милиони денари, а заложени се 3,5 милиони евра во објекти и тие во моментот си го плаќаат кредитот, односно од доминантните сопственици, тој е малцински во таа компанија – 20%. Мојата фамилија реагираше, но колку е пренесено е друга работа. Уште еднаш кажувам – законот важи за сите, рече премиерот Заев.

ВИДЕО | Заев: Опозицијата го држи во заложништво својот народ, а можно е помирување и работа во интерес на граѓаните

Заев контра Антикорупциска: Нема ништо спорно во назначувањето на новиот директор на МЕПСО

ВИДЕО | Заев: Минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување – не ја чепкајте жицата македонска

ВИДЕО | Заев: Губитник е Бугарија и Северна Македонија, но најголем е Европската унија – се посипа со пепел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот