ВИДЕО | Заев од Битола: На локалните избори да го избереме најдоброто – да направиме уште еден чекор напред!

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: СДСМ

Вечерва овде од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка – – на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор Напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници, во Битола.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ преку Владата и институциите во овие четири години постави стандарди на одговорно и отчетно управување со државата.

– Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред. И нема дилема. Најдоброто е можно единствено Напред.

Република Северна Македонија покажа дека може да го испорача најдоброто за своите граѓани, но и за регионот и светот. Резултатите што ги постигнавме изминативе неколку години беа најдоброто за државата од осамостојувањето до денес. Затоа и одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на Најдоброто од централно на локално ниво со интензивно темпо е голема, а голем и важен е и влогот на секој од нас во овој процес, порача Заев.

Тој се осврна и на поддршката на централната власт кон општините што резултира со засилен економски раст.

– Од централниот Буџет обезбедивме средства да ги раздолжиме општините. Обезбедивме дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво.

Преку ТАВ програмата насочивме 35 милиони евра за 94 проекти во општините ширум државата. Преку Светска банка и Европската инвестициска банка обезбедивме и нови 70, плус 100 милиони евра за локални улици, патишта водоводи канализации, пречистителни станици.

Проектот за поддршка и развој на туризмот во вредност од 25 милиони евра е во завршна фаза. Директните буџетски капитални програми за локални, општински, проекти изнесува 100 милиони евра, заклучи Заев.

ВИДЕО | Лукаревска: Ние од СДСМ ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот