ВИДЕО | Заев: Не постои такво нешто да си легнете како Бугари и да се разбудите како Македонци!

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Запрашан за развојот на македонско – бугарските односи премиерот Зоран Заев е дециден:

-На најпластичен начин кажав за да може да се разбереме. Не постои такво нешто да си легнете како Бугари и да се разбудите како Македонци. Владата не преговарала за македонскиот јазик и идентитет, ниту ќе преговара во иднина. Правото на идентитет е загарантирано. Очекувам историчарите да најдат решенија, рече Заев.

Тој нагласи дека уште вчера исконтактирал со Љубчо Георгиевски во врска со неговата „понуда“ на решенија за проблемот со Бугарија:

-Му кажав дека тоа може да биде негов личен став, но не може да биде став на Владата, тоа мора да се знае бидејќи неговата партија е во коалиција со нас а јас сакам да се оградам од неговата изјава, рече Заев.

Во однос на решението да се добие државјанство од тројца сведоци, Заев рече дека тоа  не е возможно.

-Може со едно сведителство ама не со сведоци. Мора да има докази и аргументи, рече Заев.

Во врска со превирањата во албанскиот коалиционен партнер во владата, Заев рече дека пратеничката група на ДУИ е компактна.

-Драго ми е што се решени проблемите. Никој не зборува за ротација на министри од ДУИ во владата, нагласи Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот на МАНУ за укинувањето на катедрата за македонски јазик Заев одговори:
-Оваа година одбележуваме 100 години од Катедрата за македонски јазик. Не е точно дека ќе се укинува катедрата за македонски јазик. Ние ќе работиме на промоција на македонскиот јазик, дури и за нашинците во странство. Се обидуваме преку модерната технологија да им го приближиме јазиот на децата на нашите иселеници, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот