ВИДЕО: Заев и Филипче на работна вечера кај Ердоган

Премиерот Заев Зоран од попладнево е во посета на Република Турција, на покана на претседателот  Реџеп Таип Ердоган.

Премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј.

Фото: Влада на РСМ

Како што најави владината прес-служба, во продолжение на посетата премиерот Заев ќе има работна вечера со претседателот Ердоган.  Се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот